(ВИДЕО) Талески: Скандалот со Стефковски покажа колкав распад се случува во МВР

Од:

Скандалот со братот на градоначалникот Стефковски го покажа распадот на системот во МВР, „брат да ми е ќе одговара“ е најголема лага на Тошковски, рече пратеникот на СДСМ, Миле Талески во денешната дискусија во Собранието по поднесената интерпелација на министерот Тошковски.

– „Брат да ми е ќе одговара“ како велеше министерот Тошковски. Епа еве еден брат, на градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски од ДПМНЕ. Фатен на радар како лета по улиците среде град, го стопирала полиција да го казнат за брзо возење. Се јавил во МВР и го пуштиле. Е сега живи бевте фатени па излегувате на телевизија да кажете дека сте го признале скандалот. Па уште отишол во станица сам се пријавил братот на градоначалникот Стефвковски, откако видео се објави од него тогаш му проработе моралот демек. Граѓаните не се наивни — да не го објавеше СДСМ скандалот, ќе го криевте и натаму, ниту ќе го признаевте, ниту ќе бил било кој санкциониран за ова. Функционерите на ДПМНЕ, нивните браќа, сестри и роднини не ги почитуваат законите, а тоа им го овозможува првиот човек на МВР, рече Талески.

Ова е признание дека системот е во распaд, па што работи министерот, чека луѓето сами да се пријават, или да ги открие скандалите некој друг, додаде Талески.

-Затоа глас ЗА интерпелација на Тошковски е глас за тоа законот да важи за сите, и за функционерите на власт, рече пратеникот на СДСМ, Миле Талески.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Радеска: Владата на Христијан Мицкоски ги остави мајките и новороденчињата без основната сигурност што им следува по закон

Дали во штабот на СДС се изгасија светлата?

Предраг Петровиќ

СДСМ: Муцунски, Ѓорѓиевски и Љутков го заглавија проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“

СДСМ: Им дадоа ваучери на младите студенти, па им ги поништија

(ВИДЕО) Филипче: Груевски од Будимпешта го контролира ВМРО-ДПМНЕ

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС врие и револтот од Филипче веќе никој не го крие, наместо промени, партијата ја движи кон поголема пропаст