Мојсоска: Родителите пред Собрание бараат оставка, излезете и слушнете

Од:

„Почитуван колега, да ве известам, во моментов родителите на настраданите деца во Кочани се пред Собранието и токму тие бараат оставка од Тошковски и дека тие воопшто не се задоволни од работата на Министерот, како што вие сакате да го фалите тука. Можете да излезете и да сослушате директно што бараат овие родители. Затоа што додека тие протестираа во Кочани ниту еден ваш пратеник не се одважи да ги ислуша нивните барања, туку бевте по ПР обуки во Гевгелија, затоа што сте окупирани од рејтинг и од параноја за рејтинг, истакна пратеничката Јована Мојсоска во реплика кон Бојан Стојановски од ДПМНЕ.

Мојсоска исто така посочи и дека на денот на погребот ДПМНЕ платила анкета за мерење на сопствениот рејтинг. „Политички глодари сте вие што на денот на погребот плативте 400.000 евра анкета за мерење рејтинг. Тоа е лешинарење! Тоа е политичко глодарство ради вашата параноја да не ја изгубите функцијата! А, бидејќи сакате да говорите како Тошковски е лицето на правдата, еве, јас ќе го прашам колегата, пошто тој доаѓа од Ѓорче Петров, дали му е позната фирмата Дон Холдинт? Треба да му е позната. Затоа што во 2020 година ВМРО реагирало дека позната фирма на СДСМ со набавки во Ѓорче Петров добива сомнителни тендери“, рече Мојсоска.

Во својата реплика посочи дека токму ДПМНЕ барала истрага од МВР затоа што министерството на Олвер Спасовски доделио тендер од 500.000 евра на Дон Холдинг со извесен газда Слободан Настовски. „Тогаш вие колеги, сте прозивале по кои критериуми МВР на Спасовски избрале фирма којашто работи товарен камионски транспорт за тендер за водоинсталаторски работи. И зошто МВР на Спасовски дала тендер од 500.000 евра на фирма замешана во коруптивен скандал, која директно ја поврзувате со СДСМ“.

-Е па, колеги, да ве известам, вашиот министер кој е олицетворение на правдата, на 28 март 2025 година, една недела после трагедијата во Кочани, доделува тендер на фирмата Дон Хлдинг од 500.000 евра. На истата онаа фирма за која вие баравте истрага и ја обвинувавте дека е поврзана со СДСМ. Вашиот министер Тошковски наместо да го истражи и овој сопственик кој патем има фирми и во Бугарија и во Дубаи, можеби тука ќе дојде како странски инвеститор, наместо да истражи како се делеле тендери во времето на Спасовски, вашиот министер сега дел тендер на истата фирма. Веројатно и тој влезе во шемата на провизија“, истакна Мојсоска.

Би можело да ве интересира

Мојсоска: Каде е пресечен тој синџир на дрога во Кочани кога во вашата истрага немате ниту еден актуелен началник

Горан Наумовски

Тошковски на средба со родителите на загинатите од Кочани: Ве молам да седнеме да разговараме и да ја тргнеме политиката на страна

Горан Наумовски

Тошковски кон родителите на загинатите во Кочани: Ве молам да седнеме да разговараме и да ја тргнеме политиката на страна

Горан Наумовски

ДУИ: Само Бектеши останува во притвор, другите инволвирани се на слобода

Горан Наумовски

Апелационен суд во Штип: Седуммина обвинети за случајот „Пулс“ остануваат во притвор

Горан Наумовски

Тошковски на средба со родителите на загинатите во Кочани: Не сакам политика да правам од ова, не сметам дека овие деца го заслужуваат ова

Горан Наумовски