Рубио разговараше со Лавров за следните мировни чекори

Од:

Американскиот државен секретар Марко Рубио разговарал во неделата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на барање на Лавров, соопшти денеска Стејт департментот.

– По посетата на специјалниот пратеник Виткоф на Москва на 25 април, секретарот на својот руски колега му ги подвлече следните чекори во мировните преговори меѓу Русија и Украина и потребата од сега завршување на војната – се наведува во соопштението.

Стејт департментот забележува дека САД се „сериозни за олеснување на ставањето крај на оваа бесмислена војна“.

Руските медиуми објавија дека Лавров разговарал со американскиот државен секретар за клучните аспекти на руско-американскиот политички дијалог, кој во последно време значително се интензивираше.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи на Русија, разговорот бил продолжение на продуктивната размена на мислења, а главниот фокус бил ставен на украинската криза.

– Во продолжението на разговорот што го одржа претседателот на Русија Владимир Путин со специјалниот пратеник на американскиот претседател Стивен Виткоф на 25 април, Лавров и Рубио ја истакнаа важноста од консолидирање на постоечките предуслови за почеток на преговорите со цел да се договори сигурен пат кон долгорочен и одржлив мир – се наведува во соопштението на руското Министерство.

Се додава дека шефот на руската дипломатија и американскиот државен секретар за време на разговорот допреле и други меѓународни теми.

Би можело да ве интересира

Измамник со помош на вештачка интелигенција се претставувал како Марко Рубио и контактирал со клучни политичари

Горан Наумовски

Лавров: Русија е подготвена да земе високо збогатен ураниум од Иран

А1он

Лавров: За постигнување мир со Украина мора да се исполнат пет услови

(ВИДЕО) Руте: Лавров е министер уште од Исус Христос, никогаш не рекол ништо корисно

А1он

НАТО би можело да се распадне, порака од Русија

Лавров: Часовникот на судниот ден се приближува кон полноќ, Русија се обидува да спречи катастрофа