Колапс, долги редици и откажувања на летови – масовни прекини на струја низ Шпанија и Португалија

Од:

Во Мадрид, главниот град на Шпанија, забележани се необични гужви, но не поради приливот на туристи туку поради големиот прекин на електричната енергија што ја погоди оваа земја денеска.

Слична сцена е снимена и во соседна Португалија.

Поради големиот прекин на електричната енергија, летовите беа прекинати, стотици дефекти на лифтови беа пријавени, луѓето во метрото беа евакуирани, тенискиот турнир во Мадрид е одложен, а многу болници работат со помош на резервни извори на струја.

Шефот на шпанската електроенергетска мрежа најави дека се работи на отстранување на дефектот и дека електричната енергија е вратена на југот и северот на земјата.

Португалскиот мрежен оператор REN тврди дека прекините на електричната енергија се резултат на „дефект во шпанската електрична мрежа“ и се поврзани со „редок атмосферски феномен“, но не прецизираше што точно тоа значи.

Шпанија сè уште не одговори за овие тврдења.

Многу бизниси, продавници и ресторани во Мадрид останаа во мрак поради прекин на струјата.

Персоналот мораше да ја заврши работата со фенер.

Градоначалникот на Мадрид ги предупреди жителите да се држат надвор од патиштата и да контактираат со властите во итен случај.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот премиер распиша предвремени парламентарни избори

А1он

Илјадници Шпанци на улиците поради станбената криза: „Вака повеќе не може“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Страшни поплави во Шпанија: Водата носи се пред себе

ВИДЕО: Полицијата пронашла двајца голи и крвави мажи во собата за мачење во вилата на уапсените Срби

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Шпанската полиција со гумени куршуми и пендреци ги отстранува мигрантите од плажите во Сеута

Предраг Петровиќ

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“