Божиновска и Бислимоски ќе учествуваат на Енергетски самит во Атина

Од:

На 29 и 30 април во Атина Грција ќе се одржи 9тиот Балкански Енергетски Самит на кој ќе учествуваат Сања Божиновска, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини и Марко Бислимоски, претседателот Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Министерската Божиновска ќе биде дел од министерскиот панел, со кој и официјално ќе се отвори дводневниот настан. Заедно со своите колеги од регионот, министерката Божиновска ќе говори за тоа како да се обезбеди стратешка енергетска соработка на Балканот.

Претседателот Бислимоски, попладнето ќе го презентира планот и чекорите кои земјава ги презема за да ја оствари енергетската транзиција од јаглен кон хидроген и природен гас.

Инаку 9-тиот Балкански Енергетски самит, ќе обедини над 40 говорници, меѓу кои министри од регионот, регулатори , но на самитот учество ќе земат и значајни претставници од енергетскиот- бизнис сектор

Би можело да ве интересира

НАТО донесе историска одлука: Сите членки ќе инвестираат пет отсто од БДП во одбрана до 2035 година

Горан Наумовски

НАТО: Остануваме обединети и решени да ги заштитиме нашите милијарда граѓани

Не гледам причина за каква било промена на цената на струјата, вели Бислимовски

Бислимовски: После одлуката на Уставниот суд може да дојде до поскапување на топлинската енергија

Стартуваме со интеграција на македонскиот кон Европскиот енергетски пазар најавува Бислимоски

МЕПСО може да исклучува фотоволтаици за стабилен систем за 1 Мај