Бислимоски смирува – санкциите без влијание врз „Лукоил Македонија“

Од:

Добра вест е што е дозоволено бензинските пумпи на Лукоил да работат во земјите каде што ги има, оцени денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски и нагласи дека во изминатиот месец и покрај санкциите нема никави проблеми во функционирањето на Лукоил Македонија.

-Нема никакви проблеми во снабдувањето со нафтени деривати и се се одвива нормало. Тоа е поради фактот што Македонија е најмалку засегната од сите останати земји, пред се, поради тоа што во Македонија нема рафинерија ни Лукоил ниту, пак, некоја друга рафинерија во сопственост на Руската Федерација. Оваа најнова одлука на САД сигурно ќе ја подобри ситуацијата, рече Бислимоски во одговор на новинарко прашање на денешната прес-конференција.

Тој нагласи дека Лукоил Македонија во изминатиот период се однесуваше исклучително коректно и не отпушти ниту еден од своите вработени и ги презеде сите мерки за да функционира нормално.

-Според информациите кои ги имам, Лукоил Македонија обезбедува нафтени деривати од трговците во државата. Заради тоа немаше прекин во снабдувањето со нафтени деривати, рече Бислимоски.

Би можело да ве интересира

РКЕ воведува построги стандарди за дигитална безбедност

РКЕ: Зголемена е потрошувачката на бензините во споредба со 2024 година

Горан Наумовски

Регулаторна комисија за домување одзеде четири лиценци на управители на згради

Ацо Ристов е избран за нов претседател на Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ)

А1он

Левица: Бараме укинување на Регулаторната комисија за енергетика

РКЕ: За трговија и снабдување со струја ќе треба гаранција од 100.000 евра