Лишен од слобода возачот кој со патничко возило удри пешак во Скопје

Од:

На 26.04.2025 во 01.00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Ј.(31) од Скопје. На 25.04.2025 во 20.30 часот на кружен тек од ул.„Кирил и Методиј“, ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ул.„Костурски Херои“, тој со патничко возило „фоксваген“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во пешакот Ѓ.П.(87) од Скопје. Со возило на Итна медицинска помош пешакот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против Е.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Левица: Слава на хероите – Честит Ден на победата над фашизмот

Одземен автобус на автопатот Велес-Скопје кој превезувал ученици од екскурзија, даден на вонреден технички преглед, учениците безбедно пренесени во Скопје

Мицкоски на 9 мај: Слободата не е подарок – таа е избор, жртва и одговорност

Единаесет години од „Диво насеље“- Куманово се сеќава на загинатите херои

Мустафаоглу: Ако договорот со „Маратон“ е чист зошто ЈСП со месеци го крие?

Предраг Петровиќ

Најмногу дожд во Претор