Трамп за предизборното ветување: „Се шегував“

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото често повторувано тврдење од предизборната кампања, според кое војната во Украина би можел да ја заврши првиот ден од неговото враќање во Овалната соба, е шега.

Во интервју за списанието „Тајм“, Трамп, кога беше прашан за изјавата, одговори: „Па, го кажав тоа фигуративно, како претерување… за да истакнам нешто“.

„Очигледно луѓето знаат дека тоа беше кажано на шега, но исто така беше кажано дека војната ќе заврши“, рече Трамп во интервјуто.

Оваа изјава доаѓа во недела во која Белата куќа предупреди дека Трамп е „фрустриран“ за време на преговорите за завршување на војната и дека неговото „трпение многу брзо истекува“.

Во изминатите два дена, Трамп упати одделни апели до украинскиот претседател Володимир Зеленски и до рускиот претседател Владимир Путин да ја прекинат војната, откако јавно предупреди дека „може да се откаже“ од медијацијата ако која било страна „го отежне постигнувањето договор“.

Би можело да ве интересира

Украина бесна на претседателот на ФИФА: Морален дегенерик

Катерина Ѓуровски

Украина се согласи на план за прекин на огнот, Западот заеднички ќе и одговори на Русија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Ништо од ветувањето на Путин на Трамп дека нема да го напаѓа Киев

Путин изгуби клучен сојузник, Трамп даде понуда што не може да се одбие

А1он

Руски дрон погоди автобус во Украина, 15 мртви

ВИДЕО: Русите нападнаа породилиште во Украина, повредени се бремени жени