Пожар избувна во северниот дел на Рим, предизвикувајќи паника кај граѓаните.
Огнот се разгоре синоќа во реонот на паркот на ридот Чочи во квартот Триумфале, во северниот дел на италијанскиот главен град. Според очевидци пред избувнувањето на пожарот се слушнала експлозија од петарда, а три момчиња биле забележани како трчајќи ја напуштаат зоната.
За борба против огнената стихија првично биле испратени четири пожарникарски возила. Во текот на ноќта огнот бил ставен под контрола, но утринава тој се проширил поради ветрот. Пожарот зафатил и еден салон за автомобили и десетина возила изгореле.
Поради пожарот, дожд од пепел покрил неколку делови на Рим, како и плоштадот Сан Марко во Ватикан.
Моментално со огнот се борат девет пожарникарски екипи. локалните жители тврдат дека пожарникарите не интервенирале доволно брзо.