Велика Британија би можела да постигне економска добивка од 400 милијарди фунти (533 милијарди долари) ако ги обучи вработените да користат вештачка интелигенција (ВИ) во административните задачи, заштедувајќи повеќе од 120 часа годишно, соопшти денес американската компанија Гугл.
Најновиот извештај на компанијата за пилот-проектот покажа дека ова ќе бара неколку едноставни чекори, како што се давање дозвола на вработените да користат вештачка интелигенција и неколку часа обука, објави Ројтерс.
Како што наведува Google, кој го разви четботот со вештачка интелигенција Gemini, анализата на компанијата Public First, која е нивен партнер во пилот-проектот, покажа дека две третини од вработените, особено постарите жени од пониските класи, никогаш не користеле вештачка интелигенција на работа.