СДСМ: Владата предводена од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН е најнеспособната и најхаотичната што Македонија ја имала

Од:

Владата предводена од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН е најнеспособната и најхаотичната што Македонија ја имала. Додека ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН се занимаваат со внатрешни пресметки и коалициски кавги институциите се уриваат пред очите на граѓаните. Системот е на работ на колапс, а владата функционира како неорганизиран картел – повеќе фокусирана на тоа кој ќе земе повеќе, отколку на тоа како да се решат проблемите на народот, велат од СДСМ.

„Граѓаните секој ден гледаат – наместо работа, партиски препукувања. Наместо резултати, скандали. Наместо политики за народот, тивки борби за тендери и функции. Здравството во колапс, економијата во слободен пад, инфраструктурата заглавена. Плати за илјадници вработени во јавниот сектор не се неисплатени, проекти – нула. Не постои ниту еден реален чекор во корист на граѓаните. Владата не работи за народот, туку само за себе.

А парите? Наместо да одат кај граѓаните и работниците за повисоки плати се трошат за лукзусни овошја, папаја, манго, луксузни хотели, приватни авиони и патувања со државни делегации како туристички тури. Ова не е Влада која работи за граѓаните – ова е организиран хаос на штета на државата. Оваа влада нема капацитет, нема план, нема визија. Единствено што гледаме се кавги, скандали и неспособност, нагласуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат