А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ЛДП: Проектот „Купи куќа, купи стан“ доживеа фијаско

by А1он31/07/2012 - 14:0631/07/2012 - 17:43225
Share0

Македонија има најскапи станбени кредити односно со рекордно висока каматна стапка од 9,7 %, за разлика од нас каматната стапка во Србија е 8,3 %, во Хрватска 7,2%. Во Германија каде животниот стандард е неспоредливо повисок отколку кај нас каматната стапка за станбените кредити е 3,9 %, велат од ЛДП.

Следете a1on на Instagram Instagram

„За жал помпезно најавуваниот владин проект “Купи куќа, купи стан” доживеа целосно фијаско. Овој проект место на сите млади брачни парови да им овозможи полесно да обезбедат стан, таква можност им дава само на оние со подлабок џеб, кои и без Владата можат да го решат сопственото станбено прашање. Покрај илјадниците евра во џеб, потребен е и имот кој треба да биде ставен под хипотека како гаранција. За рекламирање на проектот “Купи куќа, купи стан” , Владата потроши 300.000 евра, пари од граѓаните ,а за субвенционирање на проектот доделила, според нејзиното кажување, 272 000 евра, ова право го искористиле многу мал граѓани далеку зад очекувањата и проекциите на Владата“, рече на прес конференција Дејан Блажески.

Ова , рече Блажески, е уште еден популистички проект на Владата од кој најмногу профитираат фирмите блиски до неа кои се бават со изградба и продажба на станови, па дури и банките.

Следете a1on на Youtube YouTube

ЛДП ја повикува владата доколку вистински е загрижена за младите брачни парови и за младите воопшто, да престане со безмилосно трошење на народните пари за непродуктивни трошоци и веднаш да донесе стратегија со која ќе се отворат реални вработувања на младите луѓе со што ке се запре нивното масовно иселување.

 

nbsp;

ldpvlada

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

Катерина Ѓуровски07/08/2026 - 11:04

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Горан Наумовски05/08/2026 - 15:40

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

Катерина Ѓуровски05/08/2026 - 10:44

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

Катерина Ѓуровски05/08/2026 - 09:06

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Горан Наумовски30/07/2026 - 09:38

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски29/07/2026 - 20:0929/07/2026 - 20:17
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео