Зеленски ја обвини Русија дека користи проектил произведен во Северна Кореја

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја обвини Русија дека употребила ракета „направена во Северна Кореја“ во нападите врз Киев во текот на ноќта во кои загинаа најмалку 12 лица.

– Според првичните извештаи, Русите користеле балистичка ракета произведена во Северна Кореја. Нашите разузнавачки служби ги проверуваат сите детали, рече Зеленски на Фејсбук, пренесува Бета-Франс прес.

Во напад на руски ракети и беспилотни летала, насочен кон Киев синоќа, според извештајот на Украинската служба за вонредни ситуации, загинале 12 лица, а 90 се повредени.

Би можело да ве интересира

Путин: Подготвен сум и расположен сум да преговарам со Украина за условите утврдени на Алјаска

Горан Наумовски

Трамп одговори на отвореното писмо на Зеленски до Путин

Свириденко: ЕУ го одобри првиот чекор во преговорите за пристапување со Украина и Молдавија

Кремљ: „Зеленски, дојди во Москва“

Рјабков: Русија не исклучува дипломатско решение за Украина

Зеленски: Путин, одреди датум за завршување на војната

Горан Наумовски