Норвешката полиција пронајде денеска сомнителен пакет под автомобил, паркиран пред зградата на Амбасадата на САД во Осло и го блокираше пристапот до поголемиот дел од центарот на главниот град.
Десетици полицајци ја евакуираа метро станицата во близина на Амбасадата и оградија голем простор во близина на дипломатското претставништво, кое се наоѓа во неспоредна близина до кралскиот дворец.
Полицијата не изнесе повеќе детали за случајот.