ЕУ ќе претстави патоказ за постепено укинување на увозот на фосилни горива од Русија

Од:

Европската Комисија (ЕК) во следните две недели ќе претстави патоказ за тоа како има намера постепено да го укине целиот увоз на руски фосилни горива, изјави денеска претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен на енергетскиот самит во Лондон.

Фон дер Лајен рече дека увозот на руски гас во земјите на ЕУ е намален на 18 отсто од околу 45 отсто во 2021 година, но дека треба дополнително да се намали, објави Ројтерс.

Таа посочи дека рускиот гас е делумно заменет со увоз на течен природен гас (LNG) од САД и гас од Норвешка.

Состанокот во Лондон го организираа Владата на Обединетото Кралство и Меѓународната агенција за енергија.

ЕК вети постепено укинување на употребата на руските фосилни горива до 2027 година како одговор на рускиот напад врз Украина.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сака ЕУ да купува повеќе американски гас, пренесува Ројтерс, истакнувајќи дека европските претставници го гледаат ова како можност да преговараат за намалување на американските царини за ЕУ.

Би можело да ве интересира

Европа се подготвува за конфликт со Русија: анализата на CNN открива дека коридорот Сувалки е најранливата точка на НАТО

Романо Проди: Ако АфД победи на изборите во Германија, со ЕУ е завршено

А1он

Француската крајна десница го менува тонот кон Москва

Кремљ ја презема руската имотна база на Nestlé и Auchan

Макрон: „Франција беше мета на руски хибридни напади“

САД отвораат нов фронт против Русија: Трамп добива овластување за царини до 100%