Чешкото здравство планира воведување електронски бразлетни слични на оние кои ги носат заворениците во домашен притвор и за лицата кои се наѓаат под психијатриски надзор.
Ваквиот мониторинг на пациентите би се применувал кај оние кои со психолошки проблеми се лечат амбулантно како и кај оние со старечка деменција.
Бразлетните би можеле да помогнат и во некоја фаза на констатирана психоза.
Според психијатарот Цирил Хошл, во Чешка и сега врз пациенти со манијакална депресија се тестираат системи кои имаат цел со следење од далеку да се заштити пациентот.
„Апаратурата работи со посредство на мобилен телефон и СМС. Го забележува движењето на човекот во текот на денот, што е специфично за таквите болести. И во зависност од тоа дали однесувањето е нагло или мирно од тоа може да се претпостави дали болеста е во зголемена фаза или настанала депресија“.
Електронските бразлетни беа најавувани како новина за полесните затвореници кои би ја одлежувале казната дома за да се растеретат чешките затвори, но проектот не успеа.