Потресот во ВРЕДИ засега не е пренесен во Собранието

Од:

Претседателот на Собранието, Африм Гаши вели дека во Собранието состојбата е статус кво во однос на нова распределба на пратениците.

-Сега засега во Собранието е статус кво во однос на нова распределба на пратениците, се е како што било. Значи, сите пратенички групи кои се формирале на почетокот на овој нов собраниски состав продолжуваат да работат, а ако имаме нови промени ќе треба тоа официјално да го достават до службите и до мене, за да ги информирам потоа другите пратенички групи и пратенци, рече Гаши, на денешниот брифинг со новинарите.

Собранискиот спикер во коментар за одлуката на крилото на Алијанса на Албанците на Арбен Таравари да одат сами на локалните избори а не со заеднички листи за кандидати за градоначалници и советници со коалицијата Влен нагласи дека во моментов нема нова ситуација во однос на прераспределба на пратеници во други групи.

Гаши соопшти дека кон крајот на јули или почеток на август треба да се распишат локалните избори. Информира дека е побарано да се одржи јавна расправа во Собранието околу измените на Законот за локална самоуправа кои од Министерството за локална самоуправа се најавуваат веќе одреден период.

Гаши нагласи дека на следната пленарна седница која треба да се одржи на 29 април се очекува да биде ставена интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, поднесена од пратеничката група на Левица.

-Причина за интерпелацијата е поради тоа што Тошковски, од позиција на министер за внатрешни работи, грубо ја занемарил и несоодветно ја извршувал својата јавна функција, постапувајќи нестручно, непрофесионално, несовесно и неодговорно поради што имало низа противзаконски дејствија, скандали и кадрови поместувања во МВР, рече пратеникот на Левица, Сашко Јанчев на 14 април кога информираше дека ја поднесуваат интерпелацијата.

Би можело да ве интересира

Апасиев го тужи Гаши за Надзорната расправа за трагедијата во Кочани

Гаши е пуштен од болница, најави дека се враќа на обврските

Катерина Ѓуровски

Гаши e хоспитализиран на дигестивна хирургија, има преплет на цревата

Гаши: Локалните избори ќе се распишат во првата половина од август

ВРЕДИ: Бујар Османи одржал 11 состаноци во Белград, 0 во Косово

„Сакам да работам“ до коалициите Вреди и Европски фронт: Дали заради вашата политичка пресметка треба без егзистенција да останат 10 илјади луѓе?

Катерина Ѓуровски