Полицајци барале мито од началник

Од:

Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР до Основното Јавно обвинителство Скопје, достави посебен извештај за запознавање и понатамошно постапување, во врска со констатирано коруптивно однесување, „примање поткуп“ извршено од страна на полициските службеници В.Т.(51) и М.Б.(33) двајцата полицајци-позорникари во СВР Скопје.

Како што соопшти денеска МВР, на 28.07.2012 година, началник на единицата за јавен ред и мир при СВР – Скопје, околу 21:45 часот на Бул.„Никола Карев“ додека извршувал контрола на службите на терен од Одделение за општи патроли – Исток, управувајќи патничко возило марка – Шкода фабија (инаку службено возило), бил сопрен од страна на двајца полициски службеници. По ова едниот од нив му побарал лични исправи и му соопштил дека сторил прекршок „поминување на затворен сигнал – црвено светло“ и оти треба да плати глоба во износ од 300 евра, како и 30 евра за неносење возачка дозвола, а за да ја одбегне казната треба да почасти. Откако началникот се легитимирал, другиот полициски службеник во паника свиткал кутијата со цигари и ја фрлил покрај себе, по што началникот, во кутијата забележал дека покрај цигари има и банкнота од 500 денари.

Против двајцата е поднесена кривична пријава за примање поткуп. Од Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди пак до нивните претпоставени е поведена дисциплинска постапка за отказ, а до реализација на истата двајцата полицајци се суспендирани.

Би можело да ве интересира

Млада жена се обидела да ја убие бабата на сопругот, поведена истрага

МВР: На ниту еден граѓанин не му беше скратено правото да присуствува на вчерашниот протест во Кочани

Предраг Петровиќ

Скопјанка криумчарела мигранти од Египет

Скопјанец фрлал камења кон полицискиот хеликоптер што полнел вода од Лепенец

МВР: Има намалување во бројот на илегални транзитирања на мигранти низ Македонија

Разрешен е началникот кој ќе носеше директорка на училиште на носилка во полициска станица

А1он