Водството на индиската олимписка репрезентација најави официјален протест поради „инцидентот“ за време на свеченото дефиле при отворањето на Олимписките Игри, кога „непознато лице намерно“ се приклучило на бројната екипа спортисти на Индија, одејќи зад носителот на нивното знаме.
Претставник на индиската делегација изјави дека станува збир за „навреда кон Индија“, па Индијците бараат официјално извинување од Организациониот комитет, инсистирајќи дека „инцидентот“ не смеел да се случи.
За случајот со индиските олимпијци се разбра подоцна, откако беа прегледани снимките од церемонијалот на отворањето. На нив се гледа една девојка, облечена сосема различно од олимпијците на Индија, како оди пред сите нив и весело им отпоздравува на гледачите. Истрагата што е направена утврди дека девојката е еден од големиот број луѓе кои учествуваа во церемонијата на отворањето, која од непознати причина им се приклучила на Индијците во дефилето.
Претседателот на Организациониот комитет лорд Коу, се обиде да ја намали тежината на „инцидентот“, на кој инсистира индиската олимписка делегација, објаснувајќи само дека девојката била „малку повеќе, отколку што требало радосна“ за време на церемонијата на отворањето на Игрите.