Мицкоски: Обвинителството и судството често пати се неми, неефикасни или пак, под политичко влијание

Од:

Државата е на раскрсницата помеѓу стариот систем и новата европска иднина. Планот за раст и Реформската агенда не е само услов за интеграција. Таа е инструмент за оздравување на нашето општество. Интеграциите и растот се наш компас, но реформите мора да бидат наши одлуки, наши политики, наше национално зреење. Корупцијата е системски проблем, не индивидуална девијација, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски на Тркалезаната маса за предизвиците и придобивките од Планот за раст за Западен Балкан.

Мицкоски рече дека корупцијата кај нас не е само појава, туку дел од начинот на функционирање на одредени делови од општеството и систем кој се штити сам себе.

-Ако сакаме во Европската Унија, ако сакаме раст мора да го урнеме тој систем. Имаме наследени ситуации во кои граѓанинот се чувствува понижен, беспомошен, принуден да „плати за да добие“ – било тоа лекарска помош, правна заштита или некаква административна услуга. Таква држава не може да напредува, рече премиерот.

Според него, уште позагрижувачки е што институциите кои треба да се борат против корупцијата – обвинителството и судството – често пати се неми, неефикасни или пак, под политичко влијание.

Мицкоски рече дека реформите во правосудниот сектор се најитни и оти без нив, сите други реформи се безвредни.

На Тркалезната маса што се одржува во Владата зборуваа и министерот за европски прашања Орхан Муртезани, амбасадорот на Шведска во Северна Македонија Ами Ларсон Џаин и Владимир Дробњак, поранешен главен преговарач за пристапните преговори на Хрватска со Европската унија – експерт на УНОПС.

Би можело да ве интересира

Следните парламентарни избори ќе бидат во април 2028 година, најави Мицкоски

Горан Наумовски

Мицкоски: Правиме сè за да нема зголемување на цената на струјата и на парното

Горан Наумовски

Мицкоски: Ниту едно дете не смее да биде заборавено, ниту еден детски сон не смее да биде однапред изгубен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Зошто се молчи за влезот на Алта и Мацура и во осигурувањето – кој ќе одговара?

Горан Наумовски

ВИДЕО: 20 отсто поевтини станови, нула комуналии за куќа и повисок студентски оброк, Мицкоски најавува нови мерки

(ВИДЕО) Рама: Македонија со право се сомнева дека ќе има ново вето и по внесувањето на Бугарите во Уставот, но мора да го исполни условот