Во вторник, по повеќе одложувања, ќе почне обновата на Колосеумот во Рим, најголемиот антички отворен театар во светот.
Градоначалникот на Рим, Џани Алемано, рече дека реконструкцијата е „голема победа за Рим и културата“, пренесуваат италијанските медиуми.
За градежните зафати, што ќе траат меѓу 24 и 36 месеци, трговецот со обувки Диего Дела Вала издвои 23 милиони евра, пренесува Верската информативна агенција.
Градежниот зафат ќе ја опфати северната и јужната фасада и подземните делови, изградба на книжарница и приемен дел, ќе се подобри туристичката инфрструктура, осветлувањето, премините, а реконструкцијата нема да ги спречи туристите и натаму да го разгледуваат Колосеумот.
Дела Вала е италијански претпримеач и сопственик на модната куќа „Тодс“, кој во замена за донацијата ќе добие ексклузивно право 15 годни да го користи Колосеумот за своите реклами.
Колосеумот е стар околу две илјади години и во него има места за 50.000 гледачи. Во употреба бил околу 400 години. Последната претстава е оддржана во 523 година.
Два земјотреса, во 847 и 1231 година, го оштетиле Колесумот.