Заврши доказната постапка во повтореното судење за пожарот во модуларната болница, завршните зборови во мај

Од:

Денеска заврши доказната постапка во повторениот судски процес за обвинетите Флорин Бесими и Артан Етеми и ЈЗУ Клиничка болница во Тетово, како правно лице, кои се обвинети за кривичното дело „тешки дела против општата сигурност“, во врска со пожарот што на 8 септември 2021 година изби во модуларната болница во Тетово при што животот го загубија 14 лица.

Во текот на денешната главната расправа прво се читаа искази на сведоци на Обвинителството дадени во првиот судски процес, а потоа се прочитаа и три искази дадени на сведоци предложени од одбраната на обвинетите.

Кога судијата Реџеп Муса констатираше дека заврши доказната постапка ги праша сите страни во процесот дали може да се продолжи расправата со завршен збор. Адвокатот Илчо Гавровски, бранител на обвинетиот Бесими, побара одбраната да добие препис на електронски докази, што беше одбиено од судот. Судијата обраложи дека истите електронски докази веќе биле репродуцирани на 18 март 2025 и дополнително барање за издавање на препис на такви докази е во спротивност на начелото за ефикасна и економична постапка.

По барање на адвокатите на бранителите и согласност на полномошниците на оштетените и Обвинителството, судот определи завршните зборови да се искажат на 12 мај со почеток во 10 часот.

Би можело да ве интересира

Шаќири: Струјата од трафостаница до модуларната болница во Тетово е направенa од две неквалификувани лица од тетовската болница

Горан Наумовски

Трето одложување на повтореното судење за пожарот модуларната болница во Тетово

Повторно одложен почетокот на повтореното судење за модуларната болница

Катерина Ѓуровски

Три години од пожарот во модуларната тетовска болница во кој загинаа 14 луѓе

Почетокот на повтореното судење за пожарот во модуларната болница во Тетово одложено за септември

Катерина Ѓуровски

Две години од трагедијата во модуларната во Тетово, роднините на жртвите бараат ново обвинение

Катерина Ѓуровски