Кардиналите одлучуваат за погребот на Папата Франциск

Од:

Додека светот продолжува да тагува за смртта на папата Франциск, кардиналите ќе се состанат во 9:00 часот по локално време во Ватикан за да одлучат за датумот на неговиот погреб.

Состанокот го означува почетокот на серијата таканаречени „општи конгрегации“. Се очекува кардиналите да одлучат кога телото на папата ќе биде преместено во базиликата Свети Петар, за јавноста да може да му оддаде почит пред погребот.

Ватикан претходно во понеделникот соопшти дека потегот може да се случи уште во среда наутро.

Официјалната жалост ќе трае девет дена, а погребот и закопот обично се одржуваат помеѓу четвртиот и шестиот ден по смртта.

Би можело да ве интересира

Педро Санчез: Папата Франциск е морален и духовен пример за милиони луѓе

А1он

Петдневна жалост во Италија по смртта на папата

А1он

Сочувство од архиепископот Стефан за упокојувањето на папата Франциск

Путин нема да оди на погребот на Папата, Трамп, Зеленски и Макрон ќе бидат во Рим

Сиљановска Давкова: Папата Франциск ќе го помнам по исклучителниот ум, мудрост, топлина и едноставност

ВИДЕО: Ватикан објави фотографии од Папата во ковчег, погребот ќе биде в сабота

Катерина Ѓуровски