Скопскиот бискуп Киро Стојанов упати писмо до сите парохии по повод упокојувањето на папата Франциск

Од:

Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор Киро Стојанов упати писмо до сите парохии и монашки заедници во земјава по повод упокојувањето на папата Франциск.

– Во овие денови на жалост, како Црква сме повикани на единство и благодарност за дарот што Господ ни го даде преку папата Фрањо. Со вера и надеж да молиме од Воскреснатиот Христос, да ги слушне евангелските зборови: Добар и верен слуго, влези во радоста на својот господар! (сп. Матеј 25,21) и да го прими во Неговото царство. Ги повикувам сите свештеници и монашки заедници, како и сите верници да се обединат во лична молитва за покојниот папа Фрањо и одредувам денес од сите цркви во 15 часот да се огласат камбаните, пропратени со молитви на верниците. Одредувам ден пред неговиот погреб во сите цркви да се служи света Литургија задушница за папата Фрањо, се вели во писмото.

Папата Франциск почина на 88-годишна возраст. Тој беше 226-от римски бискуп и шеф на државата и суверен на Ватикан.

Во 2019 година папата Франциск беше во посета на земјава.

Би можело да ве интересира

Објавен e тестаментот на папата Франциск

Горан Наумовски

Се огласи Ватикан: Папата Франциск почина од мозочен удар и срцева слабост

Знамињата на јавните институции во САД се спуштени на половина копје во чест на смртта на папата Франциск

Кардиналот Фарел вечерва ќе ја води церемонијата на прогласување на смртта на папата Франциск и положување на неговото тело во ковчег

Коморникот Фарел ќе го скрши Рибарскиот прстен кој го носеше папата Франциск

Мицкоски: Папата Франциск низ годините континуирано ја изразуваше својата поддршка за Македонија