Зеленски: Соодветно ќе одговориме на руските напади

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија не може да одговори ниту на предлогот за 30-дневно примирје по Велигден, ниту на поограничената верзија на примирјето.

Тој истакна дека Русија речиси 3.000 пати го прекршила сопствениот прекин на огнот за време на Велигден.

„Овој ден не беше доволен за Москва да одговори ниту на предлогот за целосно 30-дневно примирје по Велигден, ниту на предлогот барем да се продолжи примирјето на небото, со воздржување од ракетни и беспилотни напади врз цивилната инфраструктура“, напиша Зеленски на платформата „Икс“.

„Природата на украинските дејствија ќе остане симетрична: ние ќе одговориме на прекин на огнот со прекин на огнот, а на руските напади – со нашите сопствени, во одбрана. Дејствата секогаш зборуваат погласно од зборовите“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Украина во последен момент се спаси од ирански напад

Најмалку три лица, меѓу кои и две деца, загинаа во рускиот напад врз Сумската област

Горан Наумовски

Нападната е Москва: Најмалку петмина се загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Најмалку шестмина загинаа во украински напади во магацин на „рускиот Амазон“

Порака од Москва: Русија е подготвена за преговори

Русите уништија американска фабрика за дронови во Киев