СДСМ: Љутков да си поднесе оставка поради хаосот во културата

Од:

СДСМ најостро реагира на катастрофалното раководење со културата од страна на министерот Зоран Љутков, кој остави над 3.000 културни работници без плата додека најавува распродажба на културното наследство под концесија. Ова е дното, ова е институционалната негрижа за културата, за културните работници и за нашето културно наследство, тврдат од СДСМ.

„Сака ли ДПМНЕ македонските свети места да завршат во туѓи портфолија само за некој лично да профитира? Ова ли е новото нормално со разнебитување на културата?
СДСМ е на страната на граѓаните и нема да дозволи разнебитување на културното наследство. СДСМ бара: Оставка и политичка одговорност од Љутков за хаосот што го направи во културата. Повлекување на срамните изјави за приватизација на културното наследство. Итна исплата на мартовската плата за сите културни работници. Културата и културното наследство не се трговска роба. Културата, не е зделка. Археологијата не е парцела. Оваа земја има народ што памети – и што не заборава, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа