Полицијата откри и уапси тројца возачи кои вчера и денеска управувале автомобили под дејство на алкохол.
Вчера во 20.40 часот на улица „Гоце Делчев“ во Штип, полициски службеници го уапсиле С.О.(50) од Штип. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле возило „шкода“ кое го управувал С.О. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,99 промили алкохол во крвта.
Во 23.20 часот на ул.„Александар Македонски“ во Македонска Каменица, полициски службеници го уапсиле Д.В.(34) од Македонска Каменица затоа што при сообраќајна контрола било констатирано дека управува возило „форд фиеста“ со 1,53 промили алкохол во крвта.
Ноќеска пак, во 2.45 часот на булевар „Македонија“ во Делчево, полициски службеници го уапсиле Д.С.(18) од Делчево. При контрола во патниот сообраќај и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека управува возило „сеат“ со 1,62 промили алкохол во крвта.
Тројцата пијани возачи се исклучени од сообраќај и задржани во полициска станица, а по целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави.