Тројца загинати, повеќе повредени во страотна несреќа на патот Кичево-Гостивар

Од:

На патот Кичево-Гостивар, меѓу Кичево и село Трапчин Дол вечерва се случила тешка сообраќајна несреќа во која, според информациите од портпаролот на СВР Охрид, загинале три лица.

– Во 20.55 часот е пријавено дека се случила сообраќајна незгода на патот Кичево-Гостивар, помеѓу Кичево и село Трапчин Дол во која учествувале три возила. Според првичните информации три лица починале како последица на добиените повреди, а шест лица се пренесуваат во болницата во Кичево. Сообраќајот е во прекин во двата правци за сите видови возила, вели Стефан Димовски, портпарол на СВР Охрид.

Сообраќајот на оваа делница е во целосен прекин.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он