Водата во Дебар пред пиење мора да се преврива

Од:

Јавното комунално претпријатие „Стандард“ кое стопанисува со водоводот Росоки – Дебар, ги известува корисниците на вода за пиење дека може да ја користат само со претходно нејзино превривање.

– Ги известуваме корисниците, дека водата за пиење пред консумирање се препорачува да се преврива, поради сигурност на здравјето на граѓаните. Затоа бараме разбирање и внимание при користење на водата до следното известување, стои во известувањето објавено доцна попладнево.

Причина за тоа е технички дефект на апаратурата во станицата за хлорирање, поради што водата нема да биде хлорирана до отстранување на дефектот.

Во понеделникот во градот, во периодот од 9 до 19 часот, имаше прекин во водоснабдувањето, поради изведување зафат врз главниот вентил во градскиот резервоар, а во исто време и негово генерално чистење.

И во следните два дена имаше неколкучасовни прекини во водоснабдувањето.

Би можело да ве интересира

Во Дебар воведени рестрикции на вода

Прегазен пешак во Дебар

А1он

Дамјан Стефановски најсреќен по фаќањето на светиот крст во Дебар

Воведена e забрана за тешки возила на патниот правец Маврово–Дебар

Работник падна од зградата каде работеше – почина на пат кон болница

А1он

Откако мечка се појави на булеварот во Дебар: Не трчајте, побрза е од вас

Предраг Петровиќ