Во Струмица и Василево пожарите активни

Од:

Во Струмица кај местото „Двата пата“ и во Василево се уште се активни пожарите.

Во пожарот кај Струмица повторно се ангажирани екипи од копно. Вклучени се лица од ТППЕ Струмица, Шумското стопанство, Комунално Струмица, делуваат девет противпожарни возила и еден багер од Еленица за проширување на патот.
Денеска ќе бидат погребани посмртните останки од Мите Ѓоргиев, третата жртва од огнената стихија во струмичко.
Во пожарот во село Требичино, општина Василено поради непристапност до пожарот екипите се повлечени од теренот. Од градоначалникот е побарано активирање на авионите од воздух. Нов пожар има кај село Љубојно, Ресенско, а локализиран е пожарот во Долно Татеши, Струшко.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски