Хрватска може да се побара помош од ММФ затоа што нивото на долгот станува „ризично“

Од:

Хрватска може да побара помош од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), бидејќи потребите од кредити во наредната година стануваат огромни и многу ризични, изјави хрватскиот министер за финансии Славко Линиќ.


Најновата членка на ЕУ треба да позајми 44 милијарди куни (7,7 милијарди долари) идната година, за да го рефинансира долгот и да го покрие буџетскиот дефицит од 16 милијарди куни, изјави Линиќ.


– Во соработка со ММФ условите за кредитирање би биле многу поповолни. И ние ќе имаме потреба од секаква помош, што можеме да ја добиеме, додаде тој.


Хрватска, чија економија во износ од 63 милијарди долари не регистрира раст од 2008 година, е соочена пред зголемување камати, долгови на државните претпријатија, невработеност, што се ближи кон 20 проценти.

Би можело да ве интересира

Најмалку две лица загина во сообраќајка во Хрватска

Сообраќајна несреќа во Хрватска, неколку лица загинаа, има и повредени

Две сестри тргнаа на свадба, починаа во сообраќајка

А1он

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин