Земјотрес со интензитет од шест степени според Рихтеровата скала беше регистриран денеска крај тихоокеанското крајбрежје на Мексико, соопшти американскиот геофизички институт.
Епицентарот на потресот бил на околу 30 километри југозападно од Сучиате, државата Чиапас, а жариштето било на длабочина од 35 километри, додава Институтот.
Тихоокеанскиот центар за предупредување не соопштил за цунами.