СДСМ: Со апсење само на поранешни полицајци истрагата за Кочани станува фарса

Од:

Последните објавени информации дека се приведени поранешни полициски службеници од кои 5 лица се веќе и пензионирани е уште еден доказ за селективноста на истрагата за Кочани. Наместо правда, јавноста сведочи дека под палката на Тошковски, истрагата за најголемата трагедија во Македонија станува срамна и недозволива фарса. Како е можно после 30 дена од трагедијата да се бара вина само кај оние полициски службеници за периодот од 2012 до 2022 година а не за актуелните, велат од СДСМ.

„Како не се најде ниту еден виновен во актуелните началници и службеници на МВР кои биле директно одговорни за безбедноста на граѓаните кобната ноќ, на 16 март 2024 година. Зошто началникот на крим полицијата во Кочани, Томо Донев не е меѓу приведедените? Зошто ниту началничката на ОВР Кочани, Марија Цветковска Маневска не е помеѓу опфатените? Како е можно ниту началникот на СВР Штип ниту пак началникот за крим полицијата во Штип исто така да не се опфатени со истрагата? Ова е понижување на правдата и селективна заштита на функционери блиски до Тошковски и ДПМНЕ. Бараме Тошковски да си поднесе оставка за да може истргата да продолжи неселективно. Во спровитно граѓаните целосно ќе ја загубат довербата дека за огромната трагедија ќе има вистинска правда. СДСМ нема да молчи на сите неправди, селективност и непринципиелност и силно ќе се спротивстави. Правда за Кочани нема да има додека тие што можеле да спречат трагедија не одговараат. Не само кривично – туку и институционално, и политички“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Фрчкоски: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф – омилената фирма на власта

А1он

(ВИДЕО) Манасков: Булинг, ножеви и тепачки во училиштата, СДСМ бара одговорност од Јаневска и директорите

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер, прашува СДСМ

СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага

Обвинителство во судница презентираше видеа од настапот на ДНК и моментот кога избувна пожарот во „Пулс“

А1он