Груевски: Црвенковски ќе доживее нов пораз за да сфати дека народот си ја има вратено државата

Од:

Бранко Црвенковски е веќе избркан од политичката сцена во Република Македонија, меѓутоа одбива да ја прими таа информација и затоа ќе мора да претрпи уште неколку порази додека сериозно да ја разбере пораката од граѓаните и да си замине од СДСМ, рече премиерот Никола Груевски коментирајќи ја изјавата на Црвенковски дадена во Охрид дека е време за пребројување.

„Народот си ја врати државата кога го избрка од власт Бранко Црвенковски, но тој тоа уште не го сфаќа. Тој не сфаќа дека СДСМ нема да просперира додека тој е на чело и нема народот да му дозволи повторно да ја одземе државата од граѓаните“, рече Груевски и додаде дека Црвенковски живее во свој свет, во свој филм и дека постојано е склон кон поделби.

Тој додаде дека тоа се старите флоскули на Црвенковски, да се преброиме, да си ја вратиме државата. – Прави, вели премиерот, поделби на антички, европски или словенски Македонци. Истите работи ги повторува. Најголем дел од тие работи што ги кажува сега, ги кажуваше и пред 20 години и пред 10 и пред две и пред една година. Постојно нешто пребројува, едно време пребројуваше колку семејства се, па по колку ќе има вработени во секое семејство кога ќе дојде на власт.., рече Груевски одговарајќи на новинарски прашања по денешната промоција на првите изданија од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“.

Премиерот посочи дека сите сме Македонци, дека најголем дел од нас сакаме Македонија да влезе во Европската унија и во НАТО и дека сите поделби што ги прави се јалови работи.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски

„За ВМРО-ДПМНЕ нема подобро решение од Венко Филипче – проблемот е што тој е штетен за Македонија“, реагираат од владејачката партија

А1он

(ВИДЕО) Стојаноски: СДС и ДУИ наместо да се надминат себе си, одлучија да тераат инает

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

ВМРО-ДПМНЕ: Грегоријанецот Венко треба добро да ги проучи календарите