МВР: Во тек е акција за апсење на неколку полицајци

Од:

Министерството за внатрешни работи потврди дека во тек е акција за приведување на полициски службеници откако државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во телевизиско интервју вечерва соопшти дека е издадена наредба за приведување на седум нови полициски службеници во врска со трагедијата во Кочани.

– Во рамки на предистражна постапка МВР постапува на терен во врска со обезбедување на полициски службеници, до ОЈО ГОКК е доставена кривична пријава. Повеќе информации во текот на утрешниот ден, се вели во одговорот од МВР.

Претходно, во врска со пожарот во Кочани беа приведени седум полициски службеници.

Во пожарот во Кочани што се случи на 16 март загинаа 61 лице, а 193 беа повредени.

Би можело да ве интересира

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје

(ВИДЕО) За да се избегнат грешки при испраќање на казните од „Безбеден град“, возачите ќе добиваат код

Претрес во Тетово: Пронајдена е дрога, едно лице е уапсено

МВР: Лажна е дојавата за поставени бомби во трговски центар во Скопје

А1он

МВР: Уапсени се повеќе лица дел од нив доктори на клиники и сопственици на дерматолошки ординации

Акција против нелегални медицински третмани: Полицијата во повеќе здравствени институции прави контроли

Горан Наумовски