Во пресрет на Европското фудбалско првенство во Украина зачестија протестите на женската група „Фемен“. Девојките од „Фемен“ сега засега, само се подготвуваат, но додека се играат натпреварите во фудбал тие планираат секојдневно да се соблекуваат полуголи на јавни места и покрај опасноста да бидат уапсени.
Паролите „ЕУРО 2012 без проституција“ и „Фак Еуро“ се напишани на нивните тела во знак на револт против злоупотребата на женското тело, секс туризмот и проституцијата.
Украинската полиција им дозволува да ги искажат својот став се додека не го прекршат законот.