Украдена спомен плоча од паркот „Жена борец“ и бронзени бисти од гробиштата во Бутел

Од:

Од Споменик на култура на Македонците од Егејскиот дел на Македонија поставен во Жена парк во Скопје вчера со употреба на физичка сила била одземена спомен плоча, соопшти МВР, додавајќи дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Од Министерството за внатрешни работи информираат и дека вчера во СВР Скопје, С.А.М.(47), С.Ш.(68) и М.Г.(69), сите од Скопје, пријавиле дека на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје, со употреба на физичка сила и подесен алат биле одземени три бронзени бисти. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Кривична за кумановец вработен во Управата за имотно-правни работи

Полицаец од Струмица зел 500 евра „за мирно решавање тепачка“

Пијан возач удрил пешак во Охрид и побегнал

Шверцер на мигранти со шест Еѓипќани во колата направил сообраќајка, еден тешко повреден

Двајца приведени за семејно насилство во изминатото деноноќие

Ограбена скопјанка на мостот „Гоце Делчев“, приведени двајцата разбојници