Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Од:

Идниот германски канцелар Фридрих Мерц изјави дека Украина не треба да влезе во НАТО или во Европската Унија додека е во војна со Русија.

Во вчерашното интервју за Ханделсблат, Мерц нагласи дека воениот статус на Украина го прави нејзиниот пристап во НАТО и ЕУ невозможен во оваа фаза, објави Киев Индипендент.

„Украина е многу голема европска земја, но е и земја во војна“, посочи Мерц, додавајќи дека земја во војна не може да стане членка на НАТО или на Европската Унија.

Тој потврди дека иднината на Украина е во двата сојузи, но инсистираше на тоа дека прво мора да завршат непријателствата.

– Ветувањето за приклучување во Европската Унија останува на сила, како и перспективата за влез во НАТО, рече Мерц, додавајќи дека за да се случи едно или друго, војната прво мора да заврши.

Германија е вториот најголем воен донатор на Украина по САД. На 14 март одлучи да додели три милијарди евра нова воена помош за Украина.

Би можело да ве интересира

Ракетни напади врз Киев и Одеса

Посилна Европа, посилно НАТО: Самитот во Анкара со нова визија за безбедноста

Украина бара од Западот да ja сподели ракетна технологија

Бабиш: Големите земји-членки на НАТО треба да платат за понатамошна помош за Украина

„Фајненшл тајмс“: Вашингтон му помага на Киев да ја пробие руската воздушна одбрана

Вeнс: Украинската контраофанзива беше тактичка катастрофа