Песков: Можен е нов разговор меѓу Путин и Трамп

Од:

Портпаролот на претседателот на Руската Федерација, Дмитриј Песков, не ја исклучи можноста за нов телефонски разговор меѓу претседателот на Русија Владимир Путин и Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, по посетата на специјалниот пратеник на американскиот претседател за Блискиот Исток, Стив Виткоф на Русија.

– Теоретски е можно да има разговори – изјави Песков пред новинарите, пренесе Интерфакс.

Путин вечерва разговараше со Виткоф, објави Песков.

Запрашан како беше почетокот на разговорот, рече: „Обичен, деловен. Тоа е работна средба“.

Портпаролот на претседателот на Руската Федерација истакна дека средбата била долга.

– Долга, прилично долга, всушност како претходната – рече тој.

Би можело да ве интересира

Трамп: Гласањето во САД е корумпирано

А1он

Зеленски побара од Трамп да удри со санкции по руско-кинескиот „Starlink“

Трамп: Зеленски одби моќна американска муниција бидејќи нема авиони

А1он

Русија планира рекордни 202,6 милијарди долари за одбрана во 2027

Трамп му предложил на Зеленски средба со Путин – во Москва

Трамп повторно објави мапа: Овојпат Ормускиот теснец го нарече „Трампов теснец“