(ВИДЕО) Зеќири: Три месеци нема биолошката терапија за онколошките пациенти

Од:

Втор пат за три месеци нема биолошката терапија за онколошките пациенти, која за нив – живот значи. Иако директорот на Фондот за здравство, Клековски, ветуваше дека никогаш повеќе нема да недостига терапија. Пациентите чии животи зависат од секоја доза, од секој ден, повторно се жртви на неспособноста и рамнодушноста на власта. Веќе еден месец ја нема биолошката терапија за рак на дојка, меланом и карцином на бели дробови, изјави Белкиса Зеќири, членка на ИО на СДСМ.

– Ова е втор пат за три месеци да снема животозачувувачка терапија. Нема ниту терапија, ниту одговорност, ниту решение. Само изговори – административни процедури, тендерски планови, „ќе биде“. Никој ништо не спомнува за одговорност, ниту пак за системско решение. Зошто тендерот не е распишан навреме, ако уште од февруари се знаело дека ќе недостига терапија?

Пациентите на Онкологија немаат време, тие бараат решение а не изговори. За хаосот на Онкологија мора да има одговорност, човечки животи се во прашање. Здравството е на колена, пациентите страдаат секој ден. Владата на ДПМНЕ го претвори здравството во болен, нефункционален систем каде што пациентите страдаат, а институциите молчат. Бараме оставка од директорите на Клиниката за онкологија и директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Итно обезбедување на потребната терапија. Без калкулации, без повторно „ќе биде“. Граѓаните заслужуваат здравствен систем кој спасува животи, а не влада која со својата неспособност ги загрозува, рече Зеќири.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа