Велика Британија испраќа воената помош за Украина од 580 милиони долари

Од:

Велика Британија соопшти дека ќе одвои нешто повеќе од 580 милиони долари, во заедничка иницијатива со Норвешка, за купување на стотици илјади воени беспилотни летала, радарски системи и противтенковски мини, како и за поправка и одржување на оклопните возила на Украина за да бидат оперативни на линијата на фронтот, објави АП.

Помошта дојде додека британскиот секретар за одбрана Џон Хили претседаваше со состанокот на украинската Контакт група за одбрана во Брисел, заедно со неговиот германски колега Борис Писториус. Групата вклучува членки на НАТО и други земји кои ја поддржуваат Украина.

– Работата на украинската Контакт група за одбрана е клучна за да се стави Украина во најсилна можна позиција и да се изврши притисок врз (рускиот претседател Владимир) Путин да стави крај на оваа ужасна војна, рече Хили за време на состанокот.

Вчера тој претседаваше и со состанокот на министрите за одбрана на таканаречената „коалиција на подготвените“, британско-француска иницијатива за зачувување на мирот во случај на мировен договор во конфликтот меѓу Русија и Украина.

Би можело да ве интересира

Санкт Петербург: Украински агент со бомба уапсен во метро

Блумберг: Путин планира тампон-зони во Украина

Кремљ: Русија нема да дозволи присуство на сили на НАТО во Украина

Горан Наумовски

Европа останува без пари за Киев

Зеленски: Украинските сили нападнаа три нафтени терминали во руската област Ставропол

Зеленски: Извршен е еден од најмасовните ракетни напади врз Киев