Годинешната нуркачка експедиција во подводната пештера Врело кај Матка започнува денеска.
Спелеолози од Белгија, Франција и од Италија, предводени од врвните светски нуркачи, Луиџи Касати и Марк Ван Дер Мулен, како и македонските нуркачи и членови на спелеолошкото друштво „Врело“, Кире Ангелески и Бојан Петковски повторно ќе нуркаат во подводната пештера „Врело“ за да се постигне нов рекорд и пештерата да стане најдлабока во светот.
Досега нуркачите во „Врело“ успеаја да се спуштаат до 212 метри со што оваа пештера моментално е петта на листата на најдлабока пештера во светот, прва на Балканот и втора во Европа.