Зеленски ја обвинува Русија дека систематски регрутира кинески борци за војната во Украина

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја обвини Русија за систематско регрутирање борци во Кина, откако украинските сили пред неколку дена објавија дека во борби заробиле двајца кинески државјани.

Зеленски рече дека украинските разузнавачки служби откриле дека најмалку 155 кинески граѓани се борат за Русија, што Кина го негираше и ја предупреди Украина да не изнесува „неодговорни“ тврдења.

„Кристално е јасно дека тоа не се изолирани случаи, туку систематски напори на Русија, особено на територијата и под јурисдикција на Кина, да регрутира граѓани на таа земја за војна“, напиша Зеленски на мрежата „Икс“.

Тој објави видео од сослушувањето на еден од затворениците и додаде дека е неопходно да се направи се што е можно за да се осигура дека Русија нема способност да ја „продолжи и прошири војната“, пренесува Ројтерс.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, го негираше тврдењето на Зеленски, нагласувајќи дека Пекинг зазема „урамнотежена позиција“ за украинскиот конфликт.

Би можело да ве интересира

Цензура или демократија: Хаос и критики во Франција поради интервју со Сергеј Лавров

Пезешкијан и се заблагодари на Русија за нејзината поддршка на руски јазик

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Ученик тешко повреди другар пукајќи со сигнален пиштол

Песков: Странските медиуми моментално објавуваат многу лаги

Орбан бара Зеленски да ги повлече агентите од Унгарија