Орбан ја спомена можноста за воведување нов систем, наместо демократијата

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан предизвика денеска остри политички реакции, откако ја спомена можноста за воведување нов систем, наместо демократијата.

„Се надевам дека нема да има потреба од воведување на нов систем, наместо демократијата. Но ние имаме потреба од нови економски системи и од нови идеи“, истакна Орбан на состанокот на унгарската Асоцијација на бизнисмени.

„Националното обединување не е само прашање на волја, туку и на сила. Тоа што функционира во скандинавските земји – единството, кај нас, кај нашиот полуазиски народ доаѓа со сила. Тоа не ги исклучува консултациите, дебатите или демократијата, но една централна сила е неопходна“, рече Орбан.

Оваа изјава предизизвика вистински скандал. Орбан откако дојде на власт во 2010 година е силно критикуван од левата опозиција и еколозите поради неговото авторитарно однесување. Неговите критичари дури почнаа да го нарекуваат Виктатор, а Унгарија ја нарекоа Орбанистан. Тие го обвинуваат за концентрација на власта.

Би можело да ве интересира

Бока: Европскиот парламент повторно ја нападнал Унгарија

Новата германска влада подготвува казна за Орбан

Орбан: Брисел се подготвува за војнa

Орбан: Европската Унија денес е лав без заби, без ресурси и автономна сила

Се подготвува воен сојуз меѓу Србија и Унгарија

Сијарто: Унгарија не го поддржа новиот пакет помош на ЕУ од 20 милијарди евра за Украина