Просечната месечна исплатена нето плата во мај оваа година изнесува 20.867, додека бруто платата 30.636 денари, соопшти Државниот завод за статистика.
Намалување на вредноста на нето платата се должи, пред сé, на намалувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации за 15,8 отсто, Уметност, забава и рекреација за 7,2 отсто и Административни и помошни услужни дејности за седум отсто.
Во мај оваа година, 1,7 отсто од вработените во Македонија не примиле плата.