Зајкова со честитка за Меѓународниот ден на Ромите – инклузивноста не е луксуз, туку основа на секоја вистинска демократија

Од:

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, во објава на социјалните мрежи го честиташе Меѓународниот ден на Ромите и повика на заедничка работа за создавање на рамноправно општество, кое ги вреднува сите граѓани подеднакво.

„Ромската заедница во Македонија е составен дел од нашето минато, нашата сегашност и иднина. Но во реалноста, многу наши сограѓани Роми сè уште живеат на маргините на општеството – со ограничен пристап до образование, вработување и право на достоинствен живот“, пишува во својата објава Зајкова.

Таа додава дека денеска, на Меѓународниот ден на Ромите, се потсетуваме дека инклузивноста не е луксуз, туку таа е основа на секоја вистинска демократија.

„За да постигнеме вистинска еднаквост не се доволни само зборови, туку и дела. Наша должност и обврска е да изградиме заедничко општество во кое сите, без исклучоци, ќе имаат еднакви можности. Повикувам да работиме заедно за општество кое не прави разлика помеѓу граѓаните, ги вреднува сите подеднакво и овозможува рамноправност на сите полиња за секого“, завршува во својата честитка претседателката на ЛДП, Моника Зајкова.

Би можело да ве интересира

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618

ДИК: До 18:30 излезеноста 44,57 отсто, гласале 7.241 избирачи