Петрески: Во наредниот мандат ќе го реализирам проектот гасовод во Охрид

Од:

„Охридскиот градоначалник Петрески е градоначалник кој и покрај сите опструкции и блокади од актулната власт е успешен“, рече лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски од Охрид, каде СДСМ утре ќе одржи промотивен митинг.

„Како ретко кој ја презеде должноста во невозможно тешки услови со огромни наследени долгови со блокирани сметки, со никаква подршка од централната власт, напротив со притисоци, блокади и уцени и покажа дека дури и во такви услови ако се сака се може. Во општина Охрид во изминатиов период беа направени многу работи, па дури и работи кои не се во надлежност на локалната самоуправа. На пример заштитата на Охридското езеро треба да биде пред се грижа на централната власт“, рече Црвенковски.

Црвенковски рече дека е убеден оти во наредните 4 години Петрески и охриѓани ќе имат можност како новата централна власт ќе и дава помош на Охрид

Градоначалникот Петрески се пофали со реализираните како што ги нарече капитални проекти во Охрид во изминативе 8 години.

„Во првиот мој мандат кога седнав за градоначлник, општината ја затекнав со 10 милиони евра долгови и буџет од 1 милион и 800000 евра. Успешно се справував и со долговите, а во исто време се случуваше силна експанзија во однос на инфраструктурните зафати низ општина Охрид. Горд сум на тоа што 70% од буџетот на општината го трошиме за инфраструктурни зафати. Во наредниот мандат ќе го реализирам проектот гасоводот во Охрид. Ја подржувам онаа иницијатива на СДСМ која почна во Куманово и Крива Паланка. Со тоа на домаќинствата, стопанските субјекти и на хотелите и фирмите ќе им овозможиме да не трошат толку многу струја бидејки таа поскапува секојдневно“, рече Петрески.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

ЦУК: Поплавени подруми и гаража во охридско од поројниот дожд

Најмногу дожд во Охрид во изминатите 24 часа

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

Почина седумесечно бебе во болница во Охрид: Паднало од кревет во домот во Вевчани

Орце Костов

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов