Вељаноски задоволен од работењето на Парламентот, очекува позитивен извештај од ЕК

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски генерално е задоволен од работењето на законодавниот дом во изминатиов период. Според него, Собранието повторно во извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата ќе добие добра оценка, а исто така извештајот ќе биде добар и за Република Македонија.

„Убеден сум дека извештајот на ЕК за работата на Собранието ќе биде позитивен, а тоа го темелам по одредените контакти и разговори што ги имам остварено, како и врз основа на сработеното“, рече Вељаноски.

Првиот човек на Парламентот изрази жалење бидејќи пратениците на опозицијата се уште не доаѓаат на координација. – Тоа е лошо за самото Собрание, но и за опозицијата. Се надевам дека по одморите ќе се направат некои чекори за да се надминат овие работи… Како претседател на Собранието ќе ми биде полесно доколку на координација се договорат сите работи, а не тоа да се прави на самата пленарна седница, истакна тој.

Во врска со барањата на ДПА за паузи од еден час на секоја седница во текот на изминатиов месец, поради тоа што говорите на пратениците Албанци на собранискиот канал се со превод, Вељаноски рече дека тоа прашање е во надлежност на Советот на собранискиот канал. Тој упати апел до претседателот на Советот на собранискиот канал да ја продолжат прекинатата седница и донесат конечни заклучоци, бидејќи, како што рече, веќе еден месец е нарушена работата на Парламентот.

Вељаноски најави дека брошурата „Мојот пратеник“ во која се евидентирани активностите на секој пратеник на новинарите ќе им биде поделена следната недела. – Податоците од „Мојот пратеник“ веќе се доставени до пратениците, за да не дојдеме до ситуација пред да ги објавиме пратениците да кажат дека не се точни. До денеска пратениците треба да се изјаснат дали имаат забелешки или не во однос на податоците, додаде тој.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Собранието го одобри Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште