„Денес Охрид го доби најголемото понижување во својата историја. Денес Охрид ги преживува најтешките моменти создадени од криминалните и корумпираните ликови кои осум години го уништуваат.Коалиција која осум години го истошти Охрид и финаниски и духовно. Коалиција Бранко Црвенкоски и Александар Петрески која го жртвува Охрид за да ги задоволи интересите само на сопствената тајфа.
Во време кога Бранко Црвенковски си го промовира својот пулен Александар Петрески за градоначалник на Охрид, на кој заштитен знак му претставува уништување на градот за лична корист, охриѓани се желни за безброј одговори и решенија за кои Бранко Црвенкоски и Александар Петрески никогаш не дадоа одговори“ рече Атанско Михаилов претседател на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид.
„Граѓаните на Охрид не добија одговор каде Петрески потроши 50 милиони евра, или 8 годишни буџети на општина Охрид и каде завршија тие пари. Петрески заглавен во сопствениот криминал никогаш не даде одговор за долговите на општината кои изнесуваат над 20 милиони евра. Бранко Црвенкоски и Александар Петрески треба да одговорат за чии интереси се спроведе урбан масакр врз Охрид со што му ја уништија иднината и од економски и од туристички и од демографски аспект. Бранко Црвенкоски и Александар Петрески нека направат заедничка фотографија пред фабриките и претпријатијата кои се опустошени во процесот на приватизацијата во времето на нивното владеење. Охриѓани дефинитивно ќе кренат глас против 8 годишното криминалното и коруптивно владеење на Петрески и неговата тајфа со Охрид, охриѓани ќе кренат глас против Петрески кој ги урна сите надежи за иднината на Охрид и кој го посрамоти Охрид. Охриѓани ќе кренат глас против Петрески и Црвенкоски и никогаш повеќе нема да се идентификуваат со вакви ликови и ваков криминален начин на водење на Охрид. После осум години владеење на Петрески во Охрид т.е. после осум години ништо во Охрид, Петрески ќе биде испратен во историјата на Охрид како најнеуспешниот градоначалник“, истакна Михаилов.
Мики Трајковски