Јанкулоска: Зголемена е ефикасноста на полициските патроли на терен

Од:

Ефикасноста многукратно расте односно бројот на полициски патроли на теренот на територијата на Град Скопје е зголемен. Тоа значи дека ако во минатото имало околу 10 до 15 патроли на терен сега имаме најмалку 50 патроли кои се постојано присутни меѓу граѓаните, а нивната динамика и интензитет на работа се прилагодени спрема присуството на граѓаните во одредено подрачје.

Ова денеска го истакна министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која заедно со градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и претседателот на Полицискиот синдикат Тихомир Климовски одржаа работен состанок со раководството на СВР Скопје на кој беа сумирани резултатите од функционирањето на новиот режим на работење на полициските станици во Скопје и текот на реформите во скопската полиција.

Во секое време – 24 часа на ден, појасни Јанкулоска, со т.н. мобилни полициски станици граѓанинот брзо и ефикасно може да ја добие услугата.

„Факт е дека во овој период откако е направена реорганизацијата тепачките кои се случуваат, а не се со потешки последици во над 80 проценти се решаваат на лице место поради директното присуство на полицијата на терен. Пријавите за настан за кои не е потребен криминалистички увид се регистрираат и расчистуваат веднаш, а тоа во проесек е 30 до 40 пријави во ткеот на едно деноноќие. Се зголемил и бројот на легитимирање на лица по основ на пријава на граѓани, а само во една смена има 100-ина легитимирања“, изјави по средбата министерката за внатрешни работи.

Според новиот систем на работа полицијата на територијата на Град Скопје полициските службеници одат кај граѓаните и на тој начин им заштедуваат време и енергија, а се надминува и онаа бариера присутна во минатото кога понекогаш граѓаните се воздржуваат од пријавување настани.

Претседателот на Полицискиот синдикат Климовски потенцира дека со реорганизацијата платите на полицајците остануваат исти, не се намалуваат. Постарите колеги, во најоперативниот и флексибилен дел, укажа тој, ќе бидат повлечени од улица.

Задоволство од реорганизацијата на работата на полицијата изрази и градоначалникот Трајановски кој истакна дека со патролните полициски станици ќе се оствари подобра комуникација со месните заедници и граѓаните.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка